БОМБА СО РАЗОРНА МОЌ ОДЕКНА ВЕЧЕРВА : Чавков фатен пред да избега и пренесен во Шутка, планирал да побегне Будимпешта кај Грујо!

0
2006

Ексдиректорот на БЈБ, Митко Чаков, заврши во истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари, дознава „Макфакс“.

Судот на Чавков му одреди притвор поради тоа што до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција стигнале оперативни податоци од полицијата дека планира да бега.

Информацијата ја потврдија од Обвинителството: „Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе Предлог за определување мерка – Притвор према М.Ч. согласно чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка. Имено, по добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка притвор. Обвинетиот е дел од предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата“.