БРАВО ЗА МАКСО : Градоначалникот Димитриевски во посета на домот на детенцето од село Живиње

0
2424

Во Саботата го посетивме малиот Милош и неговото семејство во с.Живиње. Проблемите се долгогодишни и големи, напиша градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот фејсбук профил, најавувајќи дека во соработка со градоначалникот на Општина Петровец ќе го решава проблемот со превозот.

– Семејството на Милош ќе добие дополнителни средства и во следниот период ќе го пробиеме и реконструираме селскиот пат Колидско – Живиње и воедно ќе ги репарираме најоштетените делови на патот Живиње – Сушица, порача Димитриевски.

Заедно со бизнис заедницата ќе упатиме дополнителна материјална помош на семејството со цел да се подобрат животните услови на оваа семејство, додаде градоначалникот на Куманово.