БОМБАСТИЧНА ИЗЈАВА НА ЛОКВЕНЕЦ : Ако власта го уапси Заев, тоа ќе биде нејзиниот крај

0
1171

hari_lokvenec_prilep

Креаторите на проблемот не можат да бидат и решение за проблемот, спремни сме да одиме дотаму, до каде е потребно, оценува Хари Локвенец од СДСМ за „24 Вести.

На прашањето, дали очекува апсење на опозицискиот лидер Зоран Заев, по кривичната пријава за оддавање на државна тајна, Локвенец вели:

– Тоа се шпекулации кои кружат секојденвно. Убеден сум дека нема да се случи, затоа што тогаш нема нема да биде почеток на крајот, туку ќе биде самиот крај на оваа владејачка гарнитура – вели Локвенец.