(ФОТО) Претседателот на СДСМ на средба со жителите од Крушево

0
1257

Лидерот на опозицијата и претседател на СДСМ Зоран Заев денеска оствари средба со Крушевчани каде што зборуваше за заложбите кои СДСМ ги прави за организирање на фер и демократски избори во Македонија кои што согласно од политичкиот договор од Пржино се закажани на 24.04.2016 година.

Zoran-Zaev-so-krushevchani-1024x768 (1)

Во своето обраќање првиот социјал демократ им се заблагодари на присутните за нивното масовно присуство и воедно истакна дека на сите собири со жителите на Македонија наидува на топол и огромен пречек. Крушевчани кој вечерва во огромен број присуствуваа на средбата со првиот социјал демократ во вечерашната посета испорачаа заедно дека граѓаните на Република Македонија недвосмислено укажуваат дека на априлските избори граѓаните ќе им речат „Збогум“ на Груевски и фамилијата.

Zoran-Zaev-so-krushevchani-4 Zoran-Zaev-so-krushevchani-1 Zoran-Zaev-so-krushevchani-2 Zoran-Zaev-so-krushevchani-3 Zoran-Zaev-so-krushevchani-5