Скандал: Од вработени во основно училиште во Прилеп се бара да достават матични броеви и контакти за „итни случаи“

0
1960

На наставниците и професорите од ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп минатата недела им биле поделени анкетни листови, во кои требало да внесат поголем број лични податоци кои немаат никаква врска со нивната професија, информира Револуционер.

Вработените во оваа образовна институција се сомневаат дека во пресрет на предвремените парламентарни избори, бараните податоци можат да бидат злоупотребени од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Она што е интересно, е дека на вработените им било речено дека анкетните листови биле изготвени не за потребите на Министерството за образование и наука, туку за Министерството за информатичко општество и администрација.

Matichen-broj

Освен матичните броеви, бројот на личната карта, датумот на активирање и истекување на осигурителната полиса, информации поврзани со студирањето и стекнатите стручни сертификати, од вработените во прилепската образовна институција се бара да го наведат име, презиме и телефонски број на друго лице кое би било контактирано за итен случај!?

„Не гледам причина зошто на Министерството за информатичко општество му се потребни нашите матични броеви, податоци за нашето дополнително осигурување, како и телефонски број од друго лице кое би било контакт за итен случај. Каков „итен случај“ може да има во образовна институција? Ова не е ништо друго освен политички притисок врз наставничкиот кадар и грубо кршење на Законот за заштита на личните податоци“,изјавила за РеволуционерМк професорка вработена во ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп.

Од редкацијата на порталот го контактирале дополнителниот заменик министер за информатичко општество Александар Кирацовски.

Кирацовски вели дека во насока на добивање информации за вкупниот број и за структурата на вработените во јавниот сектор, Министерството за информатичко општество и администрација до сите институции од тој сектор доставило унифициран формулар, но не и оној кој им бил поделен на вработените во прилепското основно училиште.

Iten-sluchaj

„Овој формулар воопшто не соодветствува со официјалниот на Министерството, така што се оправдани сомнежите дека станува збор за уште еден груб упад на власта во институциите на системот кој веднаш треба да се санкционира. Воопшто не ме чуди и овој случај да е еден од макијавелистичките модели на делување на владејачката партија со цел прибирање на клучни информации, дури и лични податоци, кои не смеат да ги поседуваат а кои подоцна би нашле примена во нивната бескрупулозна политичка стратегија“, изјави за РеволуционерМк дополнителниот заменик министер Кирацовски.