Самка Ибраимовски: ДУИ во петок ќе излезе од Владата

0
1054

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) дознава дека во петок ДУИ ќе излезе од Владата. Тоа, според лидерот на партијата, Самка Ибраимовски, значи дека ќе се распушти парламентот и ќе се создаде хаотична состојба во државата за, како што вели, да се забушат сите бомби, индикации за криминал и изборите да се одржат во најкраток можен рок без да се направат измени во избирачкиот закон.

– Им порачуваме дека избори нема да има, немири ќе има доколку не се прифати договорот од Пржино, специјалниот обвинител и се што е договорено од 2 јуни и 15 јули – вели Ибраимовски.

Според него, со ова што се подготвува од страна на власта, значи продолжување на агонијата и политичката криза во Македонија.