(ВИДЕО) Шилегов: Нов документ разоткрива дека Груевски стои зад ревизијата на Охридскиот рамковен договор

0
1045

„Еве нова потврда дека Никола Груевски стои зад ревизија на Охридскиот рамковен договор.

ОВА Е ДОКУМЕНТ ОД ВЛАДАТА, анализа на Охридскиот рамковен договор.

ОВОЈ ДОКУМЕНТ, ВЛАДНИНИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР побара да биде тема на работните групи на четирите политички партии“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Konferencija-za-Ramkovniot-dogovor

„Што е целта на Никола Груевски со овие докумети за Рамковниот договор? Што ветил Груевски и кому?

Јавноста веќе дозна дека Груевски стои зад Конференцијата за анализа на Рамковниот договор.

Тоа е овој документ со архивски печат од Владата што веќе го објавивме, склучен уште пред 4 месеци, во јули помеѓу Владата и Европскиот институт за мир.

Ете зошто на Груевски му се потребни флаери со измислици и лаги. Никола Груевски се обидува да се испере од одговорноста.

Сепак прашањето со коешто си поигрува Груевски воопшто не е наивно. Груевски е должен да излезе и да објасни што прави зад грбот на граѓаните на Република Македонија.

Што и да сака да направи Груевски доцна е. Прашање на денови е кога Никола Груевски ќе го добие одговорот од граѓаните на единствена Македонија“, вели Шилегов.

print-scrn