СДСМ: Kостадиновски ги призна злоупотребите на нивниот функционер Србиновски

0
892

Соопштение на СДСМ:

Законскиот рок за почеток на исплата на субвенциите за производителите на ориз, беше октомври, оваа година. Додека доцни исплатата, заменикот министер за земјоделство Ванчо Костадиновски нека не се фали со нешто што му е законска обврска.

Ако не беше притисокот на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, нејаверојатно немаше ни сега да започне исплатата на дел од субвенциите за производителите на ориз.

Николовски да дојдеше порано во министерството многу порано ќе започнеше и исплатата на субвенциите за годините за коишто се уште не им се исплатени на многу земјоделци, за 2012, 2013 и 2014 година.

Очигледно е дека во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство има големи проблеми и злоупотреби на службена должност штом и самиот Костадиновски признава истрагата за злоупотребите на Илија Србиновски, поранешен пратеник во ВМРО-ДПМНЕ.

Но, зошто Костадиновски чекаше дополнителниот заменик министер, Љупчо Николовски, на прес конференција да го објави скандалот, за да признае во јавноста дека постојат огромни злоупотреби?

Она што јавноста не го знае е колку други вакви случаи на злоупотреби има, директно поврзани со функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа ќе го открие СДСМ и ќе го покаже пред граѓаните.

СДСМ ќе продолжи да ги брани интересите на граѓаните, земјоделците.

Збогум Никола!