СДСМ: Фатено е и Радио Слободна Македонија

0
1286

„Радио Слободна Македонија за една година, со само еден вработен остварило приходи од 242 илјади евра!

Ова се официјални податоци од Централен регистар.

За две години, 2013 и 2014, Радио Слободна Македонија остварило приходи од над 617.000 евра.

Јавноста знае дека еден од сопствениците на Радиото Слободна Македонија е фирмата НВСП.

Оваа фирма, НВСП, е основач на агенцијата за обезбедување СГС.

Зад СГС стои лично братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Стајковиќ е близок до кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

Во Вистината за Македонија граѓаните слушнаа за поврзаноста на фирмата  на Стајковиќ, НСВП со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.

Фирмата НСВП е поврзана и со фирмата сопственик на Курир, ЕМ МЕДИА ДОО Скопје.

Курир исто така има огромни приходи од 1.3 милиони евра.

Само три владими медиуми, Курир, Република и Радио Слободна Македонија, за само три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Ако не можат Курир и Република, може Радио Слободна Македонија да им каже на граѓаните како во време на незапаметена сиромаштија фирма со еден вработен доаѓа до приход од 242.000 евра.

Пропагандата на Груевски молчи зашто не ги интересираат граѓаните, туку власта преку којашто ги цицаат милионите евра пари на граѓаните, а за возврат и ги кријат криминалите.

Брзо ке стане јасно како се финансира Радио Слободна Македонија и за што се платени“, стои во соопштението на СДСМ.