СДСМ: Тодоров го загрозува животот на дијабетичарите

0
1329

Никола Тодоров ги намалил испораките на најновата генерација инсулин за дијабетичарите и тој инсулин го заменува со постара генерација. Инсулинските аптеки испраќаат нарачки за инсулин што Фондот за здравство ги крати. Поради ова во октомври дијабетичарите останале без потребните количини инсулин, а тоа се случува и во овој месец ноември, реагира СДСМ.

Поради ваквата состојба, според СДСМ, е загрозен животот на дијабетичарите.

„Ова е негрижата за дијабетичарите на Никола Тодоров што тој безуспешно се обидува да ја покрие со Кол центар за грижа во Фондот за здравство.Кол центарот ли ќе им помогне на граѓаните со дијабетес при криза со закана по живот? Тодоров не може да избега од реалноста. Дијабетичарите се поради него во ваква состојба.Тендер политиките на Тодоров и Груевски донесоа колапс во здравството, пукањата во лекар, три пати поголема смртност на новороденчиња во Македонија од просекот на земјите од Балканот и ЕУ, руинирани болници, расипани апарати“ стои во реакцијата.