Мартин Гулески: Скопје – 2014 е пример како не треба да се работи

0
1101

Мартин Гулески, архитект, професор и поранешен дипломат, е годинешниот добитник на наградата “Андреја Дамјанов” за животно дело, која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Во интервју за Вест меѓу останатото зборуваше кратко и за проектот Скопје -2014.

-За овој проект не треба воопшто да се разговара. За ниту една негова димензија. Само треба да се каже дека тој е пример како не треба да се работи, и толку. Имав еден професор на факултет, кој уште тогаш ни кажуваше дека како што има примери од кои се учи како треба, има примери од кои се учи како не треба. Е ова е токму она што не треба. Тоа го кажувал и професорот Чипан за шалтерите на Архитектонски факултет каде што треба да се наведнете. Тоа е недостојно, и тоа е пример како не треба да биде. Ги подигнаа малку повисоко, но сепак е така. Тој што е внатре уште се затвора за да не го видиме дека јаде бурек или кифла со јогурт, па затоа вратичето треба да биде затворено. Во овие услови можеби е малку непријатно што направивме повик до сите колеги за бојкот на АСК, архитектура Скопје. Тоа беше иницијатива на Асоцијацијата, но во времето кога Градот имаше главен архитект, а ние сега имаме претседател на Градот кој вели дека таа должност не ни треба, затоа што ја гледа како политичка, како опонент, па сега имаме ситуација на разговор со глув, и затоа повикавме на бојкот  – изјави Гулески.