Кљусев, Мијалков, Груевски: Кум за кум, братучед за моќ

0
1128

Људмил Кљусев, кој на 12 ноември беше уапсен во САД, под обвинение за нелегално дистрибуирање наркотици, е син на првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев. На сослушувањето за да се утврди дали треба да остане во притвор или ќе биде пуштен да се брани од слобода, психијатарот Кљусев, меѓу другото, изјавил дека „нема повеќе желба да се занимава со медицина“ и дека „сака да се врати во Македонија и да се кандидира за премиер“. Тој останува во притвор поради, како што проценил судот во САД, опасност од бегство, пишува „Мета“.

Семејството Кљусеви имало и има блиски роднински и пријателски врски со другите од т.н. „штипска група или лоза“ – Мијалкови и Груевски. На пример, Кљусев и тогашниот министер за внатрешни работи во неговата влада, Јордан Мијалков, освен политичката ги зближувала и кумовската врска.

Светоста на кумството и различниот вискозитет на крвта од оној на водата е во основата на македонските владејачки елити од осамостојувањето на земјава до денес.

Во 1991 година, првиот премиер на самостојна и независна Македонија, Никола Кљусев, за прв човек на едно од најважните, ако не и најважно министерство во тие турбулентни времиња, го назначува Јордан Мијалков, кој пред тоа е претставник на една од големите македонски фирми во Прага, Република Чешка. Малку е познато, но, за штипјани, од каде родум се Кљусев и Мијалков, како „добар ден“ е податокот дека двајцата се во роднинска врска. Поточно, Никола Кљусев му е кум на Јордан Мијалков, што најверојатно во добар дел му олеснило на Кљусев околу изборот на првиот министер за внатрешни работи.

Назначувањето на Јордан Мијалков ќе ги пушти никулците од кои по 15 години, ќе изникне актуелната владејачка постава, во чија срж се фамилијарните врски.

Целиот текст ОВДЕ