Кекеновски: Зарем не можеа поголема глупост и контрадикторност да предложат Питер Фејт и Владата во Нацрт-анализата за спроведување на Охридскиот договор

0
948

Зарем не можеа поголема глупост и контрадикторност да предложат Питер Фејт и владиниот Секретаријат за спроведување на Охридскиот договор во Нацрт-анализата за спроведување на Охридскиот договор, пишува на својот профил на Фејсбук професорот Јове Кекеновски.

„Еден од предлозите е во преамбулата на Уставот да се нагласи граѓанскиот, а не етничкиот идентитет на граѓаните во Република Македонија а од друга страна предлагаат двојно (Бадинтерово) мнозинство за донесување на централниот државен и на буџетите на општините?! Та нели сите сме еднакви граѓани на оваа држава, каде нема да се потенцира етничката припадност. А токму Бадинтеровото (двојното) мнозинство и досега експериментираше со етничката припадност и истата посебно ја нагласуваше. Пренагласувањето и потенцирањето на припадност на одредена етничка заедница ја претвора таа етничка припадност во главен односно во доминантен елемент за идентификација кој доведува до влошување, а не до подобрување на меѓуетничките односи.
Да ве потестам само на содржината на амандамнот Х став 2 на Уставот на РМ кој го налага Бадинтеровото (двојно) мнозинство: ‘За закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија“, пишува Кекеновски.