Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека идниот мандатар Ковачевски ќе одлучи дали тој ќе остане на функцијата во МВР.
“Ова не е прашање за мене. Тоа е прашање за мандатарот кој ќе одлучува за тоа кои ќе му бидат министри. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да го одработам, а мандатарот во моментот кога ќе биде мандатар, ќе одлучува кои ќе му бидат кандидати за челните позиции” – изјави министерот Спасовски.