Интервју со Зоран Заев: „Уште едни криминални избори во Македонија нема да се случат“

0
991

Во оваа фаза на (не)спроведување на Договорот од Пржино, за која е јасно дека е последна пред да се пресече – ќе има избори на 24 април или не – разговараме со клучниот фактор за оваа одлука, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој неспорно, без разлика дали ги поддржувате политиките на опозицијата или не, ја одбележа изминатата 2015 година. Сите рокови за имплементација се пробиени, и во оваа нејасна фаза на последни обиди за одржување на Договорот, во опозициските кругови веќе отворено се зборува за опцијата одложување на изборите, дури и се дебатира колку треба истите да доцнат за да се надомести за скратените рокови за спроведување на договореното во Пржино. Темата неизоставно ја вклучува улогата што може да ја одиграат министрите и замениците-министри на СДСМ во Владата, Специјалното обвинителство, меѓународниот фактор, заедно со геополитиката. Заев во интервјуто за новогодишниот број на „Капитал“ зборува и за она што неговата партија ѝ го нуди на Македонија, особено во економскиот дел, како опција/алтернатива на следните избори.

Интервјуто може да го прочитате ОВДЕ