Ахмети: Наша цел е еднаквост на Албанците и Македонците

0
1118

Нам Албанците во овие времиња ни треба уште повеќе ум, за да ги унапредиме сите прашања во однос на статусот на Албанците и да ја заокружиме целта, а таа е еднакви права на двата најголеми народа – албанскиот и македонскиот, рекол лидерот на ДУИ, Али Ахмети во своето обраќање на Свечената академија што денеска се одржа во Скопје по повод одбележувањето на Денот на албанското знаме и Денот на независноста на Албанија, пренесува „Телма“.

„Сега е моментот кога треба да си кажеме и признаеме доколку сме направиле нешто лошо затоа што така ќе можеме работите да ги поправиме. Нашата заложба за унапредување на етничкиот статус е константа во нашата политика, како што е константа залагањето за мир. Нашиот народ отсекогаш бил мирољубив, ние никогаш не сме поттикнале војна. Другите се обидувале да ги одземат нашите земји, но времињата се променети. Нам Албанците во овие времиња ни треба уште повеќе ум, за да ги унапредиме сите прашање во однос  на статусот на Албанците и да ја заокружиме целта, а таа е – еднакви права на двата најголеми народа, албанскиот и македонскиот. Наша цел се Европската унија и НАТО. Посакуваме  заокружување на целиот процес на независноста на Косово со прием во меѓународните институции, заокружување на целиот интеграциски процес на Албанија и нејзин економски развој, посакуваме мирен Балкан, како дел од евроатланското семејство – рекол Ахмети.