ПО ТАЧИ И ПАЉАЧОТО АМДИ БАЈРАМ МУ ГО РОКНА НОЖОТ НА ВМРО-ДПМНЕ И ОТИДЕ ВО КОАЛИЦИЈА СО СДСМ

0
232

Сојузот на ромите на Амди Бајрам станува дел од владината коалиција предводена од СДСМ и Зоран Заев.

Ова денеска го објави премиерот, кој даде изјава пред судот по судскиот процес ,,Поткуп“.

Според Заев, кадрите на Амди Бајрам нема да добијат министерски места , но ќе добијат значајни ресори со кои ќе раководат.

-Постигнат е договор со БЕСА на Африм Гаши, ДПА и Амди Бајрам, кој делуваше независно изминативе месеци – рече Заев, додавајќи дека Бајрам нема да добие министерски места, туку, како што рече, одговорност на други позиции.

Инаку, тој долги години беше дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, но и сврте грб на партијата по поразот на локалните избори, по што почна да делува како независен пратеник и сега и се приклучува на владата на Заев.