(ФОТО) РУБЉА ПАТРИОТИТЕ НА ЧЕЛО СО ЛИДЕРО БАЧЕВ ОРГАНИЗИРАА СТРАХОТЕН СОБИР ПРЕД 17 ДУШИ ВО КИЧЕО ЗА СПАС НА МАЌЕДОЊА

0
463

Предмет: Бачев од Кичево и Гостивар: На 30 септември да бојкотираме и да ја сочуваме македонска Македонија

Караванот на Кризниот штаб против референдумот синоќа во рамките на кампањата „Македонија-бојкотира„ беше на средби со граѓаните на општините Гостивар и Кичево. На средбите граѓаните масовно се определуваат за бојкот и неизлегување на референудмот и не го прифаќаат капитулантскиот договор со Грција за промена на името, идентитето и историјата на македоснкиот народ.

Лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој е дел од Кризниот штаб против референдумот составен од повеќе од 70 организации побара од гостиварци и кичевчани да не излегуваат на референдумот бидејќи само на тој начин на 30 септември ќе ја сочуваме македонска Македонија.. Марионетската власт е во очај и паника оти референдумот нема да успее и затоа секојдневно шират популистички лаги налик на она за бесплатно здравство и образование во сите земји членки на ЕУ. Не му верувајте на триото Заев, Шеќеринска и Димитров како македонци со изгубено национално чувство кои сакаат членство во НАТО оти знаат дека НАТО им го гарантира украденото на сите оние што извршија грабеж на народот. НАТО не го интересира грабежот, туку само сака послушни политичари кои ќе му служат верно. Сите заедно да се обединиме и сплотиме како Македонци, влогот е голем, ова е света борба на сите нас за опстанок на Македонија и Македонците и затоа мора да ја добиеме оваа битка. Најново, и Уставниот суд на 19 септември ќе расправа за референдумот, и власта веќе притиска одлуката за референдумот да се укине и на тој начин Заев да го избегне големиот срам кој се обиде да го наметне бидејќи последната владина интерна анкета покажала дека 80 отсто од граѓаните го бојкотираат референдумот – рече меѓудругото Бачев.

 

                         Со почит,
Центар за комуникации на Кризниот штаб против референдумот