АРСОВСКА ЗА РАЗРЕШЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ : НИЕДНА ФУНКЦИЈА НЕ Е ДАДЕНА ОД СЕГА ЗА СЕКОГАШ, НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ НЕКОЈ ДА ЈА ЗЛОУПОТРЕБИ ДОВЕРБАТА ДАДЕНА ОД ГРАЃАНИТЕ

0
446

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешниот увид во градежните работи на улицата Перо Наков истакна дека како што се гледа на терен разрешувањето на директорите на неколку јавни претпријатија во никој случај не влијае негативно врз проектите кои се во интерес на граѓаните на Скопје.

Таа истакна дека функциите не се вечни и дека од таа причина назначените директори биле само вршители на должност.

-Сметам дека ниедна функција не е дадена од сега за секогаш и нормално е дека ако постојат работи кои не задоволуваат кога станува збор за реализација на проектите мора да постои соодветна одговорност. Кога се работи за јавен интерес не сметам дека треба да застане во одбрана на јавна функција од овој тип, истакна Арсовска.

Градоначалничката потенцираше дека во никој случај нема да дозволи некој да работи спротивно на интересите на скопјани и да го злоупотребува и оштетува буџетот на градот.

Арсовска посочува дека во наредниот период граѓаните ќе се уверат дека нема да има никакви пречки во работата на градот.