ПОЧНА САМИТОТ НА НАТО ВО ЛОНДОН, НАШИОТ ПРЕМИЕР ВО ДРУШТВО НА НАЈМОЌНИТЕ СВЕТСКИ ЛИДЕРИ

0
206

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска учествуваше на Состанокот на лидерите на НАТО во Лондон, по повод 70 годишнината на Алијансата и во своето обраќање, како 30-ти говорник, истакна дека настанот ја потврдува заедничката посветеност на сојузниците за обезбедување мир, стабилност и просперитет во целата евро-атлантска област, што беше поздравено со аплауз од лидерите на алијансата.