НАТАША ПЕТРОВСКА: ГРАДИНКАТА „КОЦА ВАСИЛЕВА“ СО ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАН ПОКРИВ И НОВА ЕНЕРГЕТСКА ФАСАДА

0
756

Со детски насмевки, традиционални јапонски и македонски танци, цртежи и песнички, децата од градинката „Коца Василева“ ги дочекаа амбасадорот на Јапонија Хиронори Савада, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорката Снежана Тодоровска, на настанот на кој беше претставен реконструираниот лик на оваа градинка.

„Од самиот почеток оваа локална самоуправа вложи многу во подобрувње на капацитетите на детските градинки, бевме наосчени кон комплетно подобрувње на условите во самите градинки, но и проширување на опфатот на децата. Успеавме во изминатиот период да решиме низа инфраструктруни зафати во објектите, но успевме со помош на отворање на нови занимални да го проширииме опфатот за нови 150 дечиња. Исто така, во моментот во Општина Битола се во изградба два објекти за две нови детски градинки, со кои ќе се зголеми капацитетот за 400 деца, кои што заедно со овие 150 во веќе отворените занимални е серозна бројка на поместување на опфатот на деца. Она што ме радува е дека ова не го правевме сами со нашата визија и нашите здрави политики како локална самоупрва, туку со успешно менаџирање на нашите директори и со сериозна поддршка на Министерството за труд и социјала, со нашите пријатели од бизнис заедницата и секако со поддршка на странски дипломатски претставништва, како што денес го имаме примерот со Јапонската амбасада, за што во оваа прилика сакам да изразам огромна благодарност до нашите пријатели од Јапонија, до господиното Савада за целокупните заложби и се она што го има дадено Јапонија и нашите пријатели од таму во изминатиот период“, изјави градоначалничката Наташа Петровска.

Воодушевен од срдечноста со која децата го изведова нивниот настап, како и со нацртаните изложени дела, амбасадорот Савада истакна дека и понатаму како амбасада остануваат отворени за соработка за идни проекти со Општина Битола.

„За мене е голема чест што денес сум во Битола, на завршната церемонија од проектот за реновирање на градинката „Коца Василева“, донација во рамките на Програмата за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност. Во Битола ние досега реализиравме 11 ГГП проекти, од кои 6 во училишта и Центри за рехабилитација на деца. Многу сум среќен што уште еднаш им помогнавме на децата да учат во подобри услови. Од 1996 година Јапонија со вкупно 7,8 милиони евра поддржа 158 ГГП проекти во секторите здравство, образовани и животна срдина во РС Македонија, со што верувам дека приоднесоа за социјален и економски развој кој е многу важен за интеграцијата во ЕУ“, рече амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада.

Директорката на ЈОУДГ „Мајски цвет“ Снежана Тодоровска посочи дека проектот е изведен со грант од 68.000 евра од јапонската амбасадата и средства од Општина Битола.

Денес во градинката „Коца Василева“, која е дел од ЈОУДГ „Мајски Цвет“ надлежна за 7 градинки во нашиот град, целосно е променета покривната конструкција, а со финансиска помош од општината подготвивме и уште еден проект и направивме енергетски ефикасна фасада, така што сега овој објект е комплетно реновиран“, рече Снежана Тодоровска, директор на ЈОУДГ „Мајски цвет“-Битола.

Фејсбук статус на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.