ДРАМА ВО МАНУ: Академиците кои 10 години молчеа за режимот на Грујо и сакаа да ја делат Македоња во 2001-ва, барале МАНУ да не молчи за промена на името!

0
408

Десетина членови на Македонската академија на науките и уметностите бараат од првиот човек на МАНУ Таки Фити да закаже седница на која ќе се заземе став за договорот со Грција и референдумот за името.

И индивидуално и во помали групи видни академици побарале МАНУ да не молчи за името и да се изјасни за историски важната тема.

Во неформален одговор до некои од нив било кажано дека е потребно време да се подготви таква седница и дека МАНУ не може да избрзува.

За септември МАНУ планира конференција на која што ќе се зборува на научно ниво за проблемот. Ова го најави академик Владо Камбовски пред неколку дена но дел од академиците се сомневаат дека МАНУ во договор со владата сака конференцијата да ја одржи по 23 септември за кога се зборува дека ќе се случи референдумот.

Меѓу академиците Камбовски се смета за главен противник на јавна дебата за името во МАНУ затоа што поголемиот дел од академиците се против договорот со Грција и поради опасноста академијата да се подели целосно за прашањето.

За отсуството на МАНУ како институција во јавната дебата за името пред неколку дена посочи и академик Катица Ќулафкова а претседателот Фити пред еден месец наведе дека договорот со Грција не е добар но дека е нужно зло.

Доколку наскоро не се закаже јавна седница за договорот со Грција дел од академиците ќе се вкчучат во кампањата за бојкот на референдумот, велат извори на expres.mk во највисоката научна институција во земјава.