(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) Градоначалникот на Прилеп, Јованоски ја посети една од најуспешните македонски компании, Витаминка, при што се запозна со новите производствени капацитети

0
405

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски денеска ја посетија прехранбената индустрија „Витаминка“, компанијата која што претставува врвен  бренд во својата дејност, не само на домашниот, туку и на странскиот пазар.

„Витаминка“ е компанија која што перманентно инвестира во проширување и осовременување на своите капацитети. Според тоа и оваа посета на градоначалникот Јованоски и претседателот на општинскиот Совет, Талевски е во време на нови инвестициони циклуси.

Станува збор за инвестиција во екстра модерен логистички центар, што ќе се протега на површина од 3.000 метри кврадратни и со капацитет од преку 4.000 палетни места, распоредени во три различни зони: изградба на нова фабричка менза, како осовременување и проширување на производството во работната единица „Бонбони“.

„Посетата на компаниите репрезенти на локалната економија ја започнавме со ПИ ‘Витаминка’. Сакаме да се запознаеме со нивните производствени капацитети. Но, и со нивните потреби, за да ја помогнеме реализацијата на оние потреби што се во ингеренции на Општината. Не случајно ја одбравме за старт „Витаминка“, бидејќи претставува лидер во својата дејност во регионот и пошироко. Навистина сум воодушевен од начинот на нивното инвестирање и развојот на оваа компанија. Овде секој производ е бренд.  Посебно морам да го издвојам брендот ‘Стоби флипс’, бидејќи го користат сите генерации. Од друга страна особено е значајно местото на ‘Витаминка’ во општинава, зашто таа е општествено одговорна компанија, што ги поддржува сите културни манифестации и спортски клубови и сите го чуствуваме бенифитот што го пружа оваа компанија за заедницата. Општина Прилеп ќе ја даде максимално својата поддршка на компанијата“, акцентриаше градоначалникот Јованоски.

Менаџерскиот тим на П.И. „Витаминка“ ја презентираше последната инвестиција, но ја истакна и подготвеноста на компанијата за сестрана соработка со Општина Прилеп.

„Најпрвин сакам на градоначалникот Јованоски и на претседателот на Совет, Талевски да им се заблагодарам за денешната посета, да им ветам добра собработка и поддршка на сите манифестации во градот, како што беше и досега. Во фаза се две инвестиции во Витаминка. Првата е инвестиција во фабрика број еден, каде што градиме нов фабрички ресторан за нашите вработени и ги прошируваме канцелариските простории, за да ги подобриме условите за маркетинг. И втората инвестиција е во фабрика број два, со нов магацин за готови производи на површина од 3.000 квадратни, современо складиште со три различни зони. Освен тоа планираме и изградба на фотоволтаици за производство на струја за објектот“, рече Сашо Наумоски, генерален директор на „Витаминка“.

Успешната деловна политика на менаџерскиот тим на П.И. „Витаминка“, треба да биде модел на многу компании, кои што сакаат да чекорат стабилно во бизнисот, а при тоа да го промовираат и моделот на компанија со високо ниво на општествена одговорност. Вратите на оваа компанија којашто брои околу 650 вработени во земјава и странство и која извезува за 26 земји е отворена за посета на студенти, што сакаат да се запознаат со широката палета производи, а особено со производството на националниот  бренд „Стоби флипс“.