СРБИЈА ЌЕ ВАКЦИНИРА 40% ОД НАСЕЛЕНИЕТО ДО КРАЈОТ НА АПРИЛ

0
742

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека до крајот на април 40 % од населението во државата ќе биде вакцинирано барем со првата доза и најави дека повеќе од 660000 вакцини ќе пристигнат до понеделник.

Додаде дека 57600 дози вакцини Астра Зенека од програмата Ковакс ќе пристигнат во Србија вечерва, додека во понеделник се очекува да пристигнат 106470 дози вакцини Фајзер и половина милион вакцини Синофарм.

“Долго чекавме за системот Ковакс. Добро е што се организиравме и сериозно размислувавме да имаме билатерални договори со производителите и да добиеме речиси 2,5 милиони вакцини” – рече таа.

1.039.000 луѓе досега ги примија двете дози на вакцина во Србија.

Брнабиќ рече дека Србија донирала 20.000 од првата доза на вакцината Спутник В во Северна Македонија и дека ќе испрати уште толку за втората доза.