(ВИДЕО) Васев : Единствен договор е договорот на Мицкоски и Мијалков за спас на криминалото ВМРО-ДПМНЕ, затоа се поразени од граѓаните и од правдата

0
1039

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани,

Сите обвинувања, лаги и спинови за наводни договори со власта за бегството на Мијалков, создадени во белиот дворец, паднаа во вода.

На површина исплива единствениот вистински договор, договорот на Мицкоски и Мијалков, аминуван од осудениот бегалец во Будимпешта, Никола Груевски.

Тоа е договорот за спас на криминалното ВМРО-ДПМНЕ, кое никогаш не смогна сили да расчисти со своето мрачно минато.

Тоа е договор за спас на злосторничкото здружение кое ја зароби и ограби државата. Злосторничко здружение кое мислеше дека е недопирливо, поради бројните пипци кои ги инсталираше во безбедносните и правосудните органи.

Ова е потврда за дрскоста на безобѕирни политичари кои 11 години уништуваа човечки животи и господареа и со медиумите и со буџетот кој за нив беше приватен џеб за хирови и привилегии.

Јавноста сведочи на грчевита борба за опстанок на еден политички субјект, ВМРО-ДПМНЕ, кој води борба да опстои кога во државата конечно се создаваат услови за правда.

Токму затоа, на првите знаци дека завршува ерата на неказнивост за функционерите на ВМРО- ДПМНЕ, настапи паниката во нивните редови.

Почитувани граѓани, кога ги слушате небулозите на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, само запрашајте се и сами дадете си го одговорот на кого најмногу му одговараше бегството на Мијалков? И на кого најмалку му одговара правдата извршена врз Мијалков?

Тоа се Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ, единствените кои се на браникот на криминалот, единствените што работат против правдата и владеење на правото.

Затоа се поразувани од граѓаните, а сега се поразени и од правдата и затоа уште долго ќе останат во опозиција.