(ВИДЕО) РЕАКЦИЈА НА ВМРО ДПМНЕ НА УСВОЈУВАЊЕТО НА УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ: БАРАМЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ЗА НАРОДОТ ДА ОДЛУЧИ ВО КАКВА МАКЕДОНИЈА САКА ДА ЖИВЕЕ!

0
131

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш распуштање на Парламентот и одржување на вонредни парламентарни избори. На тие избори ќе победиме и волјата на мнозинството граѓани ќе биде испочитувана, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Промената на името, идентитетот, историјата е нелегитимна. Се направи на насилен начин, по пат на притисоци и закани. Ова е одлука на 81 пратеник, а не е одлука на македонските граѓани. Ова е предавство бидејќи не е испочиувана волјата на мнозинството граѓани, рече Мицкоски.

-Со договоорот од Преспа се нанесува огромна штета и неправда врз самата македонска држава. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори во иднина се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправена.

Денес се покажа дека Македонија со Заев губи, и дека ако останат на власт Македонија ќе продолжи да губи, и во политиката, и во економијата и во општеството.