(ВИДЕО) Премиерот Заев и Принцот Едвард : Партнерството меѓу Велика Британија и Северна Македонија ќе продолжи и во иднина во области од заеднички интереси

0
162

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев присуствуваше на пригодната вечера што беше организирана по повод посетата на Неговото Височество принцот Едвард на Република Северна Македонија.

На вечерата Премиерот Заев и Принцот Едвард се задржаа во куси разговори со гостите на вечерата, дел од стипендистите на академската програма Чивнинг на Велика Британија, претставници на организации што работат со деца и младинци, претставници на помладата генерација претприемачи од бизнис заедницата, претставници на организации со програми за човекови права, како и со претставници на граѓанските организации.