ВЛАДАТА ГИ ЗАМРЗНА ЦЕНИТЕ НА ОРИЗОТ ЗА ДА ГО ЗАШТИТИ ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД: НА ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАЌААТ ДО 24 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЗА СЕМЕНСКИ МАТЕРИЈАЛ, ДОСТАВЕНИ СЕ И КАРТИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНА НАФТА

0
598

Владиниот портпарол Душко Арсовски денес ја објасни причината за замрзнување на цените на оризот како и на другите основни производи.

“Мерката за замрзнување на цените на неколку основни прехранбени производи меѓу кои и оризот, е донесена за да се заштити стандардот на граѓаните со тоа што ќе се превенира нагло зголемување на цените. Оваа мерка е со ограничен рок до 31-ви јануари 2022 година. Владата последните години покажа дека се грижи за оризопроизводителите и за поттик на производството. Субвенциите по обработлива површина со задолжително користење на семенски материјал од 12 илјади денари е зголемен двојно на 24 илјади, а за оние производители без задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал субвенциите се зголемени од 6 илјади на 18 илјади денари. Доставени се и картички за зелена нафта со цел да се помогне во намалувањето на производствените трошоци за земјоделска механизација” – рече портпаролот Арсовски.