(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП – Димоски : Јованоски и Талески се неспособниот тандем кој владее со Прилеп

0
167

Човекот кој најмногу ветуваше за спортот во Прилеп а сега градоначалник Илија Јованоски и човекот кој го кудеше спортот во минатото а сега претседател на Совет, Миле Талески, се тандемот кој го води и владее со Прилеп изминатите две години.

Од нивното управување со една од најголемите општини во Република Македонија останаа само нереализираните ветувања и мегаломанските лаги.

Денеска сме тука пред поранешната Соколана, спортската сала „Партизан“, за која Јованоски во својата програма ветуваше целосно реновирање со цел унапредување на спортот во Прилеп.

Сепак, како и сите други ветувања, Јованоски и СДСМ лажеа и за овој спортски објект.

Сите се сеќаваме кога градоначалникот во предизборието се фотографираше и држеше реферати токму тука, а околу него наредени беа спортисти и спортски работници кои требаше да бидат тимот за ветениот препород на спортот во Прилеп.

Очигледно дека развојот на спортот бил само изговор, а единствено важни биле вработувањата, високите хонорари, донации и други приходи кои како бенефиции ги уживаат од власта.

Токму пред овој објект Јованоски бесрамно лажеше дека ќе го врати епитетот најспортски град за Прилеп.

Ветуваше, односно лажеше, дека ќе го обнови планинарскиот дом Дервен, дека ќе изграделе спортско-рекреативен центар на вештачкото езеро, ќе изграделе спортска сала во ООУ “Кире Гаврилоски” и ја кажа најголемата лага за изградба на затворен базен со здравствено-спортско рекреативен центар во салата “Македонија”.

Toкму од тука, Јованоски излага и дека ќе воведеле поголем буџет од општината за спортот, како и стимулации за фирмите кои инвестираат во спортските клубови.

Вети, односно излага, дека ќе ја вратат во употреба Универзалната сала, дека ќе ги покриваат трошоците на клубовите за употреба на спортските објекти, стипендии за успешни спортисти …. и еден куп други празни зборови од кои денеска има само едно големо ништо!

За жал денеска спортот во Прилеп тоне, а спортските великани ФК Победа и РК Прилеп се второлигаши.

Почитувани сограѓани,

Овие луѓе се прочитани, сега одново ќе ви ветуваат и ќе ве убедуваат, но освен лаги немаат што да понудат.

Времето на лажни политичари, манипулатори и луѓе само за кариера е завршено. Доаѓа Обнова на Македонија и ставање крај на оваа башибозук власт на СДСМ.