ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА СКОПЈЕ СО ЈАВНО СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА : НОЌЕСКА НЕПОЗНАТИ ЛИЦА НАМЕРНО РАСФРЛАЛЕ ОТПАД НА ЈАВНИ И СООБРАЌАЈНИ ПОВРШИНИ НИЗ ПОВЕЌЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ, ЗА ОВИЕ ПРЕКРШОЦИ ПОСТОЈАТ ВИДЕО ЗАПИСИ И ТИЕ ЌЕ БИДАТ ПРИЈАВЕНИ А СТОРИТЕЛИТЕ САНКЦИОНИРАНИ

0
607

Почитувани,

ЈП Комунална хигиена-Скопје ја информира јавноста дека во текот на вчерашната ноќ непознати лица намерно и тенденциозно расфрлале отпад на јавни и сообраќајни површини во повеќе скопски општини, со што директно го прекршиле Законот за јавна чистота.

Ваквото загрижувачко однесување се случува организирано и тенденциозно, со цел во јавноста да се стекне впечаток дека екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје не ги извршуваат навремено и коректно своите обврски на терен, што е во целост спротивно од реалната состојба. Ги известуваме граѓаните на градот Скопје дека ЈП Комунална хигиена-Скопје редовно и според стандардната динамика ги празни садовите за отпад поставени на јавни површини и секојдневно, во три смени, ја одржува хигиената на јавните и сообраќајните површини во градот.

Свесни сме дека споменатите загрижувачки случувања се резултат на одредени одлуки што во изминатиов период беа споведени во Претпријатието и дека во моментов поединци се обидуваат во јавноста да презентираат нереална слика за активностите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Би сакале да ги информираме сторителите на овие прекршоци дека поседуваме видео-записи од овие случувања коишто се пријавени до надлежните органи. ЈП Комунална хигиена-Скопје очекува овие лица да бидат соодветно и ригорозно санкционирани.