Во општина Аеродром битката за градоначалник ќе ја бијаат Александар Филиповски – Цанде од редовите на СДСМ и Марјан Камиловски од редовите на Јанко Бачев и Единствена Македонија.
Инаку за пошироката јавност Марјан Камиловски е познат како изведувач на новата ограда на скопскиот мост „Слобода“, лоциран кај хотелот Холидеј Ин чија сума според обвинувањата на тогашниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски изнедувала околу 2 милиони евра.