(ФОТО) Сведоштва на оштетени: Еве како Стевчo ја ограби Општина Карпош!

0
1710
Во изминатиот период информиравме за криминалите кои Стевчо Јакимовски ги има правено во неговиот последен мандат на позицијата градоначалник на сметка на граѓаните на општина Карпош, пишува „Центарњус“.
a429c8ade12a325b106294414cad56db_L
Јавноста беше запознаена и со целосната документација за одредени предмети доставени до нашата редакција кои говорат за нелегалните активности направени од страна на Јакимовски и тесното раководство на ГРОМ.
Откако беа објавени сите овие информации, кај Јакимовски и неговите послушници се појави бес и огромен страв за тоа кој е изворот на доказните материјали кои говорат за милионските суми кои овие неколку криминалци ги имаат стекнато со оштетување на буџетот на Општина Карпош.
Паранојата беше јасно видливи и преку нивните постапки, излегувања во јавност и колумните на Јакимовски за провладините медиуми напишани во неговите последни денови како функционер. Неговото здравје беше нарушено, а причината за тоа се сите овие информации кои можат да ја чинат неговата слобода.
Особено интересна тема се јавните набавки на Општина Карпош, метод преку кој илјадници евра се одливале од општинскиот буџет и ги полнеле џебовите на Јакимовски и соработниците. Откако ги објавивме неколкуте поважни документации и констатиравме неправилност, еден тендер остана забележан како тендер со многу аномалии.
Се работи за тендерот 46/2012 за изградба, реконструкција и одржување на јавното зеленило на Општина Карпош, односно за хортикултурно уредување на зелени површини кај ТЦ „Лептокарија“, објавен  на 27.04.2013 година со краен рок до 17.05.2013 година.
По завршувањето на рокот за оваа јавна, набавка, од дописот пристигнат од фирмата Флорастат кој оди во прилог, дознаваме дека на 04.06.2013 година од страна на Општината до понудувачите пристигнала покана за ново доставување на понуди, нешто што не е дозволено согласно важечките прописи од областа на јавните набавки.