„Прашањето е дали САД можат да сметаат на Курти како партнер“ изјави Хил за „Гласот на Америка“ и дека има суштински проблем со него бидејќи тој не е подготвен да ги прифати предлозите на САД и на Европската Унијата.
Тој додаде дека одлуката за тоа ќе и ја препушти на американската амбасада во Приштина. Тој посочи дека Курти ќе мора да направи „некои промени“ доколку сака да смета на САД како пријател и партнер.„Не се сеќавам дека некогаш сум видел толку длабоки поделби во односите меѓу Приштина и Вашингтон“, рече Хил, нагласувајќи дека земјите-членки на Квинта ја споделуваат загриженоста за дејствијата на Приштина.
Тој вели дека „многу е важно специјалната полиција да се повлече од општинските згради“ на северот на Косово и градоначалниците Албанци да ги напуштат општинските згради, додека третото прашање поврзано со новите избори на северот на Косово е „ малку потешко“.Хил кажа дека брзо станало очигледно дека со толку слаб одѕив „немате причина да продолжите“. Тој посочи дека формирањето на Заедницата на српските општини е важно „бидејќи недостигот на доверба во меѓународната заедница произлегува од тоа што нема ЗСО“.