Радмила Шеќеринска :
Падините на Бистра го одземаат здивот. Непрегледни пасишта, бачила и прекрасна панорама на Мавровската долина и езерото. Се искачуваме заедно со сојузниците по падините на Бистра, во чест на Денот на независноста кој годинава го одбележуваме за прв пат како земја членка на НАТО. Еден врв е освоен, една стратешка цел е постигната. Продолжуваме понатаму!
#НиеСмеНАТО!