СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА, КОСТАДИН КОСТАДИНОВ СО ШВАЈЦАРСКАТА АМБАСАДОРКА ВЕРОНИК УЛМАН

0
564

🤝Јас и општина Струмица имаме многу пријатели со коишто негуваме блиски односи исполнети со взаемна почит и соработка.

Денеска срдечно добредојде и посакав на Амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Улман Марти и на нејзините соработници.

🔴На средбата на којашто присуствуваа и директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Жулиета Ѓуркова, претседателот на Советот и секретарот на Општината, разговаравме за досегашната соработка и плановите за нејзино унапредување.

🔴Во нашата општина и во Југоисточниот регион, досега се реализирани повеќе проекти финансирани од швајцарските фондови кои придонесоа во подобрувањето на животот во нашата заедница, за што посебно и се заблагодарив на Амбасадорката, а ја потврдивме заедничката заложба за реализација на нови проекти во интерес на граѓаните.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.