На преговорите кои се уште се во тек, претседателот на СДСМ Зоран Заев, барал Груевски да замине од функцијата, а на СДСМ да и припаднат министерствата за внатрешни работи и за финансии. Исто така, СДСМ барал и смена на сегашниот Јавен обвинител Марко Зврлески, јавува телевизија „Телма“.
Овие барања, според изворите на „Телма“, ги отфрлил премиерот Груевски. Тој ниту сака да се повлече од функцијата ниту да има промена на министрите.
Преговорите траат повеќе од седум часа, со дипломатско посредништво од Брисел.