Пратеникот од ДУИ и предлагач на спорниот цензорски закон за „бомбите“, Талат Џафери, денеска беше на едночасовна средба со белгскиот експерт и посредник во преговорите Питер Ванхоуте.
Сепак, очигледно и средбата со него не го премислила. По излегувањето од таму, на новинарско прашање дали ќе го повлече законот тој едноставно одговори: „Не!“