Синдикат на новинари: Законот за забрана на објавување на прислушуваните материјали ја загрозува кревката слобода на изразување

0
997

120296

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најостро го осуди предлог законот за забрана на објавувањето на прислушуваните материјали.

Во писменото соопштение се вели дека со него се крши членот 16 од Уставот во кој се наведува дека цензурата е забранета.
Предлог законот недвојбено претставува обид за цензура која е неприфатлива за која било земја која сака да се декларира како демократска.
Одредбата во која се предвидува дека „тој што неовластено поседува, обработува и располага на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации, ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години“, дополнително ја загрозува кревката слобода на изразување и ќе претставува сериозна закана за работата на новинарите“, се наведува во реакцијата на ССНМ.