После 40 години се вложува во безбедност во сообраќајот преку градење патишта во кумановско-кривопаланечкиот регион, и кои го поврзуваат региониот со Бугарија.
Заедно со вицепремиерот Николовски, министерот Бочварски, директорот на ЈП Државни патишта Рустеми и заменикот директор Трпевски сме на увид на градбата на магистрален пат Куманово-Страцин, а делот Ранковце-Крива Паланка е целосно реконструиран.
Целосно реконструирани се Куманово-Свети-Николе, граничен премин Старо Нагоричане-Пелинце, Куманово-Никуштак, Куманово-Опае, пат до нов граничен премин Белановце.
Ако сакаме да имаме помалку жртви, повредени, материјална штета, треба да имаме добра инфраструктура. Како Влада и како МВР, посветени сме кон создавање подобри услови и поголема безбедност во сообраќајот.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.