– Нема идеални договори, но договорот со Грција е добар, двете страни направиле компромиси, и тој треба да се поддржи.
Екс советникот на ВМРО ДПМНЕ во општина Центар и еден од лидерите на реформаторите, Илија Илиовски на Тв 24. Ова е втор политичар од ВМРО ДПМНЕ кој му даде поддршка на договорот, прв тоа го направи Петар Богојески познат како Бунтур, заменик секретарот на ВМРО ДПМНЕ.