СДСМ : АНТИЕВРОПСКАТА КОАЛИЦИЈА ЛАЖЕ, НЕМА АСИМИЛАЦИЈА, МАКЕДОНЦИ СО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ЕУ

0
615
Антиевропската коалиција на ВМРО ДПМНЕ и Левица лаже и пласира невистини за наводна бугаризација и асимилација, бидејќи немаат вистинска аргументација против членството во ЕУ.
Не може да има асимилација и бугаризација со македонски јазик во ЕУ.
Во ЕУ како Македонци со чист македонски јазик не е асимилација, тоа му јасно на секого.
Бугаризација има колку што имаше кантонизација и федерализација.
Без аргументација, антиевропска коалиција функционира врз база на хистерично ширење невистини, но и со обиди за предизвикување тензии и радикализација на атмосферата.
Изминатите неколку денови се случија насилни протести, тензии но и обид за крваво сценарио за предизвикување етнички конфликт, кое не успеа.
Сето ова говори за сериозноста на одредени анти европски структури кои сакаат да ја дестабилизираат државата, да го повторат 27 април или 2001 година.
Институциите, безбедносните структури, нема да дозволат кој било да ја загрозува стабилноста на државата.