РАЗОРНА БОМБА НА СЕКРЕТАРОТ НА ВМРО ДПМНЕ: Виновни за промената на името се антикоманите кои 10 години промовираат некаква антика во земјава!!!

0
1293

ГЛАВНИОТ ПРОБЛЕМ!!!🇲🇰🇬🇷

Чесно е граѓаните на Република Македонија да знаат што е главниот проблем со Грција. Тоа не е името на државата, туку идентитетот на нацијата!!!

Сигурен сум дека можеше да остане името Република Македонија за севкупна употреба, доколку бевме подготвени да прифатиме “прецизирање” на македонскиот идентитет.

Имено, бегајќи од општо прифатената историска “вистина” за “славомакедонската нација”, а трчајќи по калемената “античкомакедонска нација”, ние се соочивме со нова “северномакедонска нација”. За да избегаме од последната, а да се вратиме на првата, ние прифативме измена на името на државата. Тоа е суштината на актуелниот “Преспански договор”. Значи, романтизмот кон антиката не ни донесе ништо, туку дирекно е виновен за загубата на името на Републиката!!!

За ова виновни се само “антиквизаторите” кои прифаќајќи ја улогата и методите на крвникот Германос Каравангелис, во лицето и делото на македонските политичари направија многу Котевци од Руља.

“Преспанскиот договор” за кој ќе гласаме на 30.09.2018 година /Референдум ‘18/ дирекно ја “дефинира” или “ограничува” постоечката македонска нација. Ние не гласаме за НАТО и ЕУ, туку за “договорот”! Тоа не смееме да го сокриваме од граѓаните. Не е чесно да сокриваме! Тоа е предизвик кој треба да го расчистиме! Ќе се впуштиме во таков процес како историска наука или не?!? Тука вината е во “нашите” кои ја прифатија грчката пропаганда од минатиот век и пред него, и ни ја донесоа дома под превезот на “патриотска агенда”.

“Мојата вистина” е дека македонската нација е изградена на база на јужно словенската теорија… низ природен процес од век, век и половина… малку покасно од другите, но сосема легитимно. Неразумната политика таа “вистина” ја калемеше со историска мистика и верувања, во веќе јасно промовиран “античко македонски идентитет”, со некој интересен премин во “темната доба”… но тоа е денес реалност!

Бугарскиот договор тоа го санционира, но грчкиот договор тоа го менува! Сега гласаме за тоа, сега одлучуваме за тоа! Ќе и дадеме налог на науката да ги одговори овие прашања или ќе живееме во мистика?
Македонци, ова е суштината на мак – грчкиот спор… или ќе го разрешиме на научна основа или ќе се лажеме дека сме затвориле спор! И да помине “Преспанскиот договор” на овој Референдум ‘18, доколку со ова не сме на чисто, повторно ќе имаме нова блокада во европската агенда!

*Извинете за бруталноста, но искреноста кон себе и својот народ е најважна!
**Ова е личен и искрен став!

И гласот “против” е глас за Македонија!
Излези и гласај!
Macedonia Timeless

Фејсбук статус на Петар Богоевски, заменик ген.секретар на ВМРО-ДПМНЕ