СДСМ : СЕ ВРАЌА ЕФТИНАТА ТАРИФА НА СТРУЈА, СЕГА 11 ЧАСА ДНЕВНО Е ДОСТАПНА ЗА ГРАЃАНИТЕ

0
414

Евтината тарифа на електричната енергија од денеска се враќа кај домаќинствата.

Сега домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела. Просечно тоа значи заштеда за над 1.000 денари месечно.

Со енергетските политики што ги презема Владата предовдена од СДСМ, се создадени услови домаќинствата да користат дополнителни часови во коишто надоместокот за потрошената електрична енергија ќе се пресметува по евтина тарифа.

Зголемувањето на производството на електрична енергија и инвестицискиот циклус во обновливи извори на енергија го зголеми производството на електрична енергија со што директно се влијаеше врз намалување на цената на струјата преку ден.

Во рамките на антикризните мерки продолжува субвенционирањето на сметките за струја за над 600.000 домаќинства во државата.

СДСМ продолжува со грижа за сите граѓани. Со СДСМ секој добива повеќе.