Многу сомнежи отвори намерата на Јавното претпријатие Комунална хигиена да ги трампа своите деловни простории во центарот на Скопје со зградата на поранешен ФАС 11 октомври.
Извори на НОВАТВ велат дека огласот не само што бил креиран за фирмата Унитајарс Стил Импекс на бизнисменот Славе Распашковски да биде одбрана на повикот за размена на простории, туку целата зделка е во комплетна спротивност на интересите на јавното претпријатие. Не само што не е во ќар, туку градското претпријатие ќе има дополнителни трошоци по оваа бизнис зделка.
„Комунална хигиена нема база за возилата и со години истата ја изнајмува од Распашковски. Наместо сега да издвојат пари за купување на база, му ја купуваат скапаната зграда на Распашковски, демек била блиску до базата и тоа им одговарало. Базата не ја купуваат, туку останува негова за утре да ја понуди на Комунална хигиена за огромна цена, кога ќе реши Управниот одбор да ја купи.“, вели изворот на НОВА.
Повеќе детали ОВДЕ