Братот на Мартин Нешковски бара од Јанева да го расчисти целосно убиството и неговото прикривање

0
1691

Александар Нешковски, брат на Мартин Нешковски кој беше убиен од специјалецот Игор Спасов на победнички митинг на ВМРО-ДПМНЕ во 20011 година, упати отворено писмо до специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, барајќи од неа да ја утврди вистината за убиството на Мартин .

„На 05.06.2015, моето семејство поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје, за прикривањето и влијаењето врз истрагата на убиството на брат ми, Мартин Нешкоски. До денес поминаа повеќе од шест месеци, а Јавното обвинителство се уште се нема изјаснето по нашата пријава“, пишува во писмото.

Нешковски вели дека бидејќи пријавата ја поднеле врз основа на информации кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, смета дека надлежност за постапување по оваа пријава има специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Братот на Мартин апеира до обвинителката да постапува по пријавата на семејството Нешковски и, како што вели, еднаш засекогаш да „го расчистиме целосно убиството и прикривањето на убиството на мојот брат“.