На вчерашната собраниска седница каде на дневен ред беше законот за Специјалното јавно обвинителство од страна на пратениците се бараше изгласување за продолжување на рокот за постоење на ова Обвинителство бидејќи доколку не се изгласаат овие измени со недонесувањето на измените на Законот за заштита на сведоци, се отежнува работата на Специјалното јавно обвинителство, велат од СЈО, по вчерашната седница во Собранието на која владејачкото мнозинство со 36 за и 54 против од вкупно 90 пратеници не ги поддржа измените на Законот за СЈО (за продолжување на рокот за истраги) и на Законот за заштита на сведоци. На листингот од пратеници кои гласаа против измените во законот за Специјалното јавно обвинителство беа и двајцата пратеници од Прилеп, Димитар Стевананџија и пратеничката Ане Лашкоска. Зошто овие две пратенички меници?!
Бидејќи интересно е да се напомене дека за двајцата прилепски пратенички меници, меницата Димитар Стевананџија и меницата Ане Лашкоска не само што гласаа против измените на Законот за СЈО и за законот за заштита на сведоци со кој би се помогнале истрагите овие двајца имаа и уште два пратенички непростиви политички гревови.
Едниот од другите два гревови е донесувањето на Законот за полиција, во кој полицијата доби законска основа да користи нови средства за присилба при растурање на насилни протести, каде опозицијата демонстративно ја напушти тогашната собраниска седница :
И вториот политички грев за овие две пратенички меници е донесувањето на срамната амнестија за хашките случаи од воениот конфликт во 2001-ва за борците од УЧК откако генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски го објави листингот на “патриотите” на ВМРО-ДПМНЕ, каде исто така интересно е да се напомене дека во време на гласањето на овој срамен чин пратеничките меници на ВМРО-ДПМНЕ беа сите послушно на број додека во собраниската сала го немаше пола ДУИ:
Еве ви го народе тој локал патриотизам на патриотските пратенички меници на ВМРО-ДПМНЕ ширум Македонија, патриоти во партија и надвор, а во пракса … Е ЈЕБИГА!