👉 Патеките во вториот дел на Градскиот парк 🌳, што долго време беа запуштени, сега се реконструирани 🚧 и овој дел од паркот доби целосно нов изглед.
‼️Главните патеки што беа сериозно руинирани и критични за безбедноста на граѓаните обновени ги чекаат посетителите на паркот.
✅ Извршена е и замена на канделабрите, а поставени се и нови клупи и канти за џебен отпад. Новите патеките ги провоцираат скопјани уште почесто да го посетуваат паркот и да уживаат во неговите убавини, како и во новите стандарди и услови што тој им ги нуди.
⚠️ Градот Скопје континуирано работи на уредување и обновување на зеленилото и на патеките во паркот 🌳, но и на зголемување на безбедноста, бидејќи така се создаваат услови скопјани да уживаат во неговите убавини.
Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.