Поранешниот амбасадор на Македонија во Австралија и поранешен министер за образование, Перо Стојановски е осуден на казна затвор од 3, 5 години за злоупотреба на службената положба и овластувања, и проневера на пари.
Кривичната пријава е поднесена од страна на МНР. Стојановски беше во фокусот на Јавноста по неговите љубовни и финансиски скандали во Австралија по што беше повлечен од амбасадорската функција заради наводни здравствени причини.
За насилните влегувања во неговиот дом и долговите отворено во јавноста проговори Лидија Думбалоска која беше обвинета од Стојановски за кражба на документи.
Стојановски ја изгуби правната битка во Австралија а заради нарушување на угледот на Македонија тој подоцна беше разрешен од функцијата.