ПАДНА ДОГОВОР: АРМИСКИТЕ И ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ЌЕ СЕ РЕНОВИРААТ СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ВО ЧЕШКА

0
1122

Потпишан Меморандум за техничка соработка меѓу МВР и МО на Република Северна Македонија и МО на Чешката Република.

Денеска, како дополнителен аргумент во јакнењето на билатералната соработка, заедно со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и министерот за одбрана на Чешката Република Лубомир Метнар, потпишавме Меморандум за разбирање за техничка соработка меѓу трите министерства, којшто отвора можност за усогласување и потпишување на договор помеѓу двете Влади за ремонт на транспортни хеликоптери на МО и на МВР, што ќе ја засили нашата билатерална соработка, а во исто време ќе ги зголеми и армиските и полициските капацитети за справување со кризни ситуации.