ОХРИЃАНИ СЕ ПОВТОРНО ВО НЕВОЛЈА : НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД ОДИ СПРОТИВНО ИНТЕРЕСИТЕ НА ОХРИЃАНИ КОЈ ЌЕ ГИ ВРАЌА ДИВОГРАДБИТЕ ПОКРАЈ ОХРИДСКИОТ БРЕГ КОИ БЕА ОТСТРАНЕТИ КАКО ДИВОГРАДБИ

0
954

Објектите на плажите во Охрид ќе се враќаат назад бидејќи новиот охридски градоначалник Кирил Пецаков смета дека не биле дивоградби. Објектите меѓу кои шанкови, но и потпорни ѕидчиња до самата езерска вода, беа урнати од претходната локална власт во рамките на активностите посочени од УНЕСКО за да остане статусот и заштитата на градот Охрид како светско наследство.

Пецаков кој како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ победи во вториот изборен круг оцени дека уривањето е грешка и дека догодина повторно ќе има објекти на плажи, но со дозволи, нешто што, според него, не го средила претходната власт.

-Сите тие беа направени со проекти кои беа прифатени од Министерството за транспорт и врски и дел општина Охрид. Како биле дивоградби. Тоа не дивоградба. Не станува збор за дивоградби,станува збор за проекти врз основа на кои беа издадени плажите на концесија,а претходната локална самоуправа вклучувајки ја и централната власт од 2017 ,а некои и од 2016 не најдоа начин да ги решат. Или зборувате можеби за дивоградбата каде срушија три цигли или дел од кровот, одговори Пецаков на новинарско прашање.

Реакција стаса од локалниот огранок на СДСМ кои велат дека градоначалникот „сака да го врати Охрид во минатото кога 11 години владееше ВМРО ДПМНЕ, а во градов дивееше тотален урбанистички хаос“.

-Пецаков може да ветува брда и долини и разбирливо дека ќе мора да го испорача тоа што им го вети на некогашните бесправни концесионери на плажите, но сето тоа што планира да го прави се коси со законот и со препораките на УНЕСКО. Пецаков заедно со криминалното ВМРО ДПМНЕ има намера повторно да го издава најатрактивниот и најзаштитениот дел од крајбрежјето на нашето Охридско езеро, наведуваат од СДСМ- Охрид.

Прашањето сега е дали најавите на новиот градоначалник ќе се искомбинираат со мерките и активностите за да се спаси УНЕСКО статусот-светско наследство на Охрид или пак градбите во најава ќе израснат на брегот со амин на Пецаков.

Миомир Серафиновиќ

Од Министерството за транспорт и врски реагираат на изјавата на Пецаков и објаснуваат дека во тек е подготовка на проект за уредување на крајбрежието за што е запознаен и охридскиот градоначалник до кого, поради УНЕСКО статусот, апелираат да не презема избрзани постапки кое може да наштетат.

‘-Во овој момент Министерството за транспорт и врски и Владата преку Агенцијата за планирање на просторот го изработуваат Урбанистичкиот план за крајбрежниот појас на Охридското езеро во кој целосно ќе бидат вклопени препораките на УНЕСКО, со што ќе се заштити крајбрежјето на Охридското езеро, се вели во реакцијата од Министерството.

-Се работи на Урбанистички план од државно значење кој се изработува со цел ставање на ред, запирање на узурпирањето на Охридското крајбрежје и негова целосна заштита согласно препораките од УНЕСКО, а во овој момент се собираат податоци од Агенцијата за катастар на недвижности, стои во реакцијата.

-Апелираме до новата локална самоуправа во општина Охрид да ги почитува започнатите постапки и планот за управување кој веќе е на сила и заеднички да работиме на стратешкиот план за рехабилитација на регионот, се со цел да се заштити и природното и културно наследство, реагира Министерството за транспорт и врски.